МЦМС Годишен извештај 2018 година

Please download to get full document.

View again

All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
 2
 
  1. Годишен извештај 2018 MAKEDONSKI CENTAR ZA ME|UNARODNA SORABOTKA 2. 2 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Издавач:…
Share
Transcript
  • 1. Годишен извештај 2018 MAKEDONSKI CENTAR ZA ME|UNARODNA SORABOTKA
  • 2. 2 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Издавач: Македонскицентарзамеѓународнасоработка(МЦМС) Адреса на издавачот: ул. Никола Парапунов бр. 41а п.фах 55 10160 Скопје, Република Македонија Контакт: Тел.: 02/3065 381 факс: 02/3065 298 e-mail: mcms@mcms.mk www.mcms.mk Прв извршен директор: Александар Кржаловски Извршен директор: Гонце Јаковлеска Фотографии: Фотоархива на МЦМС Одговорен уредник: Гонце Јаковлеска Подготовка: Александра Сиљановска
  • 3. 3 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 СОДРЖИНА Порака од раководството 04 За МЦМС 05 25 години МЦМС 06 Вкоренето и влијателно граѓанско општество 08 Добро владеење и борба против корупција 19 Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата 26 Партнерства, односи со јавност и поддршка 33 Односи со актерите 34 Поддршка – Одржлив МЦМС 34 Односи со јавноста 36 Организација 38 Независно ревизорско мислење 40 Финансиски извештај 41
  • 4. 4 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Годината што помина за МЦСМ беше година на обележување на значаен јубилеј, 25 години од основањето на организацијата. Четврт век во кој спрове- довме повеќе од 1650 проекти со вкупен буџет од над 60 милиони евра и уште поважно, години во кои заедно со нашите корисници ги менувавме животите на граѓаните во градовите и селата, на младите и старите, на мажите и жени- те, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци или Власи и други. Им благодариме на сите кои придонеле МЦМС да биде тоа што е денес – силна и кредибилна организација која е способна да се фати во костец со предизви- ците што ги носи новото време. Во годината на јубилејот, МЦМС спроведуваше 37 проекти три од неговите долгорочни цели, со вкупен буџет околу 116 милиони денари. Оваагодиназавршипрограмата„Цивикамобилитас“вокојавкупниотбројдо- делени и реализирани грантови беше 232. Годинава се одржаа пет форуми на актуелни теми. Отворени се три ресурсни центри од програмата Национален ресурсен центар за граѓански организации (НРЦ) кои им се на располагање на граѓанските организации. Вработените обезбедија поддршка за изработ- ката на четвртиот Национален акциски план за отворено владино партнер- ство и организираа дебата за регрантирање. Преку програмата Одржливо граѓанско општество – Државно финансирање на граѓански организации беа доделени 10 грантови за јакнење на ГО за добро управување, а за грантистите се одржа и обуката за организациски развој и систем на квалитет. Заврши и проектот „Топ тема на ваша страна“ преку кој, оваа година беа обучени нови 15 граѓански новинари, беа спроведени осум телефонски анкети и доделени награди на ХХ граѓанските новинари. Заврши проектот „Следење на работа- та на ДКСК“ од кој произлегоа вредни препораки кои Комисијата делумно ги прифати. Беше подготвен и новиот Извештај за проценка на корупцијата 2018. Започна новата програма Регионална мрежа за антикорупција што ја раководи МЦМС, а се спроведува во девет земји во регионот. МЦМС рено- вираше и опреми дел од просториите на средното електротехничко училиште од Прилеп, со што се овозможи учениците да учат низ практична работа. По интервенциите, надминати се проблемите со злоупотреба на детски труд кај 20семејстваворегионотнаКривогаштани,ПрилепиКрушево.Делодинфор- мациите ги дистрибуиравме преку нашата веб страна која годинава имаше зголемување на посетите за 41,6 % во однос на претходната година. МЦМСбешеделоднекоиодглавнитепостигнувањазаподобрувањенафунк- ционирањето на граѓанското општество. Претставници на организацијата, заедно со уште шеесетина претставници на други граѓански организации учествуваа во подготовката на Стратегијата за соработка со и развој на граѓан- скиот сектор што Владата ја донесе во октомври 2018 година. МЦМС, заедно со другите ГО силно лобираше во процесот на воспоставување на Советот за соработкасоиразвојнаграѓанскиотсекторштокакосоветодавнотелонаВла- дата беше основан во април 2018 година. Порака од раководството Александар Кржаловски Прв извршен директор Гонце Јаковлеска Извршен директор
  • 5. 5 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 За МЦМС Визија и мисија Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамноме- рен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. МисијатанаМЦМСедапредводипроменисоновииалтернативнирешенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучува- ат во главните текови. Цели и методи Долгорочни цели на МЦМС се: ↗↗ Вкоренето и влијателно граѓанско општество ↗↗ Добро владеење и борба против корупцијата; ↗↗ Социјална инклузија и кохезија; ↗↗ Поддржан процес на евроинтеграција; ↗↗ Подготвеност за миграциски предизвици; ↗↗ МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив поврзувач; ↗↗ МЦМС, атрактивна и иновативна организација. МЦМС активностите ги остварува преку: ↗↗ Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање одговорност); ↗↗ Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); ↗↗ Социјално- хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување.
  • 6. 6 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 „Посредник меѓу локалните потреби и меѓународните можности“, „чадор на граѓанските организации на Македонија“, „кршач на мраз“, „пополнувач на јазовите“, „тивок поврзувач“ „организација со став“, се само дел од фразите кои го карактеризираат МЦМС кој на 14 декември 2018 година со Свечена ака- демија прослави 25 години од своето основање. На настанот присутните се присетија на успесите кои го одбележаа овој четврт век работење на ор- ганизацијата. Во овој временски период, МЦМС спроведе 1.652 проекти од различни општествени сфери со буџет од над 60 милиони евра. „Кога се прави ретроспектива лесно е да се каже дека времето ги носи настаните и ништо не зависи од личностите, демек работите ќе се случеле и вака и онака. Тоа никако не важи кај нас. Тука е мал временскиот лост и раситнет човековиот потенцијал. Верувајте ми, да не беше МЦМС многу работи немаше да се случат, а Македонија ќе беше поматно и понесреќно место за живеење“, рече Звонко Шаврески од Полио плус како долгогодишен партнер на МЦМС. Обезбедена чиста вода за пиење во 262 села во Македонија, итна реакција за време на двете кризи во 1999 и 2001 година, вклучување на Ромите во образованието и работната сила, зајакната економ- ска независност на жените од конфликтните подрачја, подобрени услови за работа и учење во 16 учи- лишта, кампањи за подигнување на свеста и публикации за аргументирана расправа се само дел од резултатите со кои организацијата може да се пофали. Жак Вилемсе , поранешен член на Конзорциумот за Македонија (донаторската заедница), говореше за почетоците на МЦМС и за бројните проекти за водоснабдување на заедниците. „Кога се осврнувам наназаднаМЦМС,негигледамсамобројкитеилиониеработикоиможедасеизмерат,тукуистотака пораката која тие ни ја пренесоа нам, како и на нивниот народ. Мислам дека тоа е една од причините порадикои25годиниподоцнаМЦМСсеуштепостои.Сумвиделмногуновиорганизациикоидоаѓаат и си одат, но МЦМС е еден од извонредните примери за човековиот успех.“ „Во МЦМС сум од самиот негов почеток и сум еден од ентузијастите кои се обидуваат да дадат визија на оваа организација заедно со другите“, рече Наташа Габер Дамјановска, поранешен член и претсе- давач на Управниот одбор на МЦМС. Таа се осврна кон активностите кои ја обликуваа овозможувач- ката околина за благопријатен развој на граѓанските организации и за да се постигне развиен, одрж- лив и влијателен граѓански сектор. Ризван Сулејмани, претседавач на Советот на МЦМС истакна дека „големината на МЦМС не е во тоа што има еден од најголемите буџети на граѓански организации, ниту во тоа што е една од најголемите организации во државата. Неговата големина е во тоа што пред сите успеа да ја препознае силата на комплементарното единство на различните етнички, социјални и религиозни заедници кои успешно ги менаџира и наместо деструктивни конфликти произведе компаративно единство и синергија.“ Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, рече дека за четврт век МЦМС стана фак- тор на развој на граѓанското општество и промотор на европските вредности. „Овие постигнувања не беа лесни. Напротив, бараа долги напори, чести усогласувања на разни засегнати страни, интереси и мислења. Водилка отсекогаш ни била потребата од градење консензус“, потенцираше тој, додавајќи декаопштественатаполаризацијаепоследицаоднеможностазапостигнувањеконсензусоколуклуч- ните општествени прашања. Колку и да мислиме дека е лошо во државата, додаде тој, сепак, многу е направено и променето за овие 25 години во Македонија. На крај, во кратко обраќање, поранешниот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски, истакна дека МЦМС треба да инсистира на тоа дека само добра волја и напорна работа можат да доведат до успех, а тој како и секој родител, е горд на организацијата во која прерасна МЦМС. 25 години МЦМС
  • 7. 7 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 25 години 1993 2018 Низ годините 1650 проекти 60 мил € буџет 9 цели
  • 8. 8 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
  • 9. 9 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“ Постигнување мерливи и трајни подобрувања на граѓанското општество во неговото практикување вредности, вклучување на граѓаните, ниво на организација и перцепција на влијанието Во 2018 година беа доделени последните 12 грантови на здруженија, фондации и неформални групи граѓани. На крајот на 2018 година, програмата имаше доделено вкупно 232 грантови, а вкупната финансиска поддршка изнесуваше над 300 милиони денари. Над 440 членови на граѓански организации, граѓани, претставници на другите актери на граѓанското општест- во и на институциите, претпријатијата и медиумите учествуваа во петте форуми. Во 2018 година беше одржана работилницата за мерење и комуницирање на резултатите. Таа беше последна од Програмата за учење која им помогна на 100-те грантисти од „критичната маса“ да ги зајакнат своите капацитети. WWW.CIVICAMOBILITAS.MK
  • 10. 10 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Премиерот Заев се соочи со граѓанските организации „Активно учествувавте сите во реформските промени со коишто ја поставивме и ја движиме Македонија стабилно на патот кон Европската Унија и НАТО. Вашето теренско искуство, долгогодишната работа, анализите за клучните состојби во државата се од директен интерес за граѓаните на Република Македонија и помогнаа кога го создававме реформскиотплан3-6-9“,речепремиеротЗоранЗаевнаот- ворањетонатематскиотфорумнаЦивикамобилитас„Една година Влада- осврт на граѓанските организации“ што се одржа на 31 мај 2018 година. Во структурирана расправа, повеќе од 100 претставници на граѓанските организации имаа можност да упатат пра- шања поврзани со нивното работење, да ги коментираат досегашните постигнувања како и да ги изразат нивните очекувања. Меѓупрвитепрашањабешеионакоесеоднесувашенафи- нансирањето на граѓанските организации. „Многу е важно коиќебидаталаткитезараспределбатанапарите.Верувам дека треба да определиме буџет и да го алоцираме, и на- шата работа да застане тука. Добрите меѓународни пракси вие треба да ни ги предочите за да можеме да ги канализи- раме тие буџетски средства во некоја фондација, каде на транспарентен начин ќе одлучувате вие занивнатараспре- делба“, рече премиерот Заев. Зборувајќи за подготвеноста на Владата за идните преговори со ЕУ, премиерот истакна дека планираат да го вклучат граѓанското општество во преговарачките тимови за секое од поглавјата. Во врска со мерките за борба против корупцијата, преми- ерот изјави дека новата антикорупциска комисија ќе биде воспоставена на основа на новиот закон што е во подготов- ка. Според него, во Комисијата не треба да има политича- ри,тукунезависниинтелектуалцииекспертиодграѓански- от сектор. Премиерот зборуваше и за правото на децата на чист воз- дух. „Повеќето мерки што ги преземавме се на средноро- чен, односно долгорочен план и резултатите од нив допрва ќе дојдат. Но, презедовме и краткорочни мерки тогаш кога беше најкритична ситуацијата“, рече тој. На лицата со поп- реченост и на Ромите им порача да аплицираат за позиции во управните, регулторните тела и Владата, како решение за нивното ниско учество во овие институции. За родово- то одговорно буџетирање тој истакна дека веќе при први- от ребаланс ќе се знае дали е применето, и дека тој лично ќе инсистира на тие проверки. Според него, Владата нема поддршка ниту разбирање од останатите партнери и поли- тички партии по прашањето за значителната родова неед- наквост во Владата а и во Собранието. „Медиумски пазарења нема да постојат, а ќе има соодвет- на поддршка за пишаните медиуми и МРТВ како јавен сер- вис“, вети премиерот Заев. Тој додаде дека реформите на медиумското законодавство се заглавени во Собранието. Во втората сесија Дамјан Манчевски, министер за ин- форматичко општество и администрација, одговараше на прашањата на граѓанските организации поврзани со пре- вработеноста на администрацијата, блокираните сметки на општините, несоодветните кадри кои се поставени во казнено поправниот дом Идризово и фондовите на ЕУ кои треба да одат преку Владата.
  • 11. 11 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Четвртата средба за вмрежување на организациите со признанија за посебни постигнувања „Во последните две-три години иницијативите на граѓан- ското општество обезбедија опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои до- бра основа за дијалог и отвореност за соработка.“ Со овие зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината ексе- ленција Сибил Сутер Тејада ја отвори четвртата Средба за вмрежување на Цивика мобилитас, последна во оваа фаза на програмата. На30ноември2018г.сесобраа132претставницинаграѓан- скитеорганизацииподдржаниодпрограматавоизминати- ве четири години, со цел да ги разменат искуствата и да ги презентираат промените кои тие ги постигнале досега. „Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските организации, односно програма која овозможила најши- рок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Ци- вика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програма- та кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските органи- зации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500 дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн. Емина Нурединоска, заменик национален лидер на тимот, потенцираше дека поддршката на Цивика мобилитас овоз- можи да се зголеми буџетот кај 34 институционални гран- тисти, а во еден случај, тој е зголемен за дури седум пати. Петруш Тоинес, меѓународен тим лидер на програмата, зборуваше за заедничките вредности на заедницата Ци- вика мобилитас и за меѓусебната солидарност. Изненаду- вачки е фактот што 90% од присутните изјавија дека сакаат да останат во заедницата, дури и ако не добијат грант во наредната фаза. Денот беше затворен со 10 презентации во кои организа- циите ги претставија своите постигнувања пред аудиториу- мотибеаоценетиодистиот.Организациитебеанаградени со суми од 3000 до 5000 швајцарски франци од страна на Цивика мобилитас како признание за нивните посебни постигнувања. Во текот на програмата пристигнаа 1341 апликација, кои резултираасо232доделенигрантови.Корисницитеиапли- кантите се обратиле за помош до тимот на Цивика моби- литас 500 пати, а имале и над 100 состаноци на кои им бил даден фидбек. Програмата организираше 31 форум во сите плански региони во земјата, а учество зедоа над 4200 акти- висти, претставници на граѓански организации и граѓани.
  • 12. 12 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Обезбедени услуги за градење на капацитети на граѓански организации, за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонес кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество Оваатригодишнапрограмазапочнадасеспроведувавофевруари2018година.Воспоставенисетритересурсни центри во Скопје, Гостивар и Штип. Организирани се повеќе од 20 настани, средби, состаноци и обуки, дистри- буирани се околу 400 информации на различни теми од интерес на граѓанските организации. WWW.RCGO.MK
  • 13. 13 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Регрантирањето како финансиска инфузија за организациите „Ние како ЕУ сакаме да ја развиеме демократијата во це- лата земја. Регрантирањето е флексибилен инструмент кој го користиме за да допреме до малите организации кои не- маат капацитет да спроведуваат поголеми проекти“, изјави Никола Бертолини од Делегација на ЕУ на отворањето на дебатата за регрантирање организирана од Граѓанскиот ресурсен центар што се одржа на 30 октомври во Скопје. Регионалните искуства во регрантирањето ги пренесе Дарио ди Бенедето од Делегација на ЕУ во Косово. Тој зборуваше за тамошното искуство каде се доделени 317 под-грантови во рок од две години и каде се соочуваат со преклопување на активностите, како и со недоволно ниво на менторирање на под-грантистите. ТинаДивјакодСловенијаукажанабирократскитепроцеси кои донаторот треба да ги прилагоди според големината на проектот.„Аконесезанимавашсобрикратија,ќепосветиш повеќе време на активностите од проектот. Донаторот пос- ветува 20-30% од фондовите на проектите за мониторинг за да превенира 2% загуба“, додаде таа. Ирена Иванова од Делегација на ЕУ во Скопје, говореше за ситуацијата во Македонија каде досега се регрантирани 350 проекти со суми кои варираат од 5.000 до 25.000 евра. Таа се согласи декапроцедуритетребадасепоедностават,носамовослу- чај на подобра пракса и поголема транспарентност. Претставниците на Конект, Центарот за граѓански комуни- кации, Преда плус и АЛДА ги споделија нивните искуства како организации кои имаат проекти со регрантирање. Сите имаат пракса да ги менторираат нивните под-гран- тистите во активностите што ги спроведуваат, но и во ра- ководењето со грантовите. Сите водат сметка добитниците на грантови да бидат млади организации со мали буџети и рамномерно распределени низ планските региони на земјата. Претставниците на Ганимед, Центарот за одржлив развој од Дебар и Иницијативата на невработени интелектуалци од Виница ја презентираа страната на организациите кои се регрантирани. Тие се задоволни од соработката и беа согласни дека ваквиот начин на финансиска поддршка е инфузија за организациите. Забелешките се однесуваа на сложените административни процедури кои не соод- ветствуваат ниту со големината ниту со времетраењето на нивниот проект, особено регистрацијата на проектите во Секретаријатот за европски прашања и Управата за јавни приходи.
  • 14. 14 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Мобилните ресурсни центри- локална поддршка на здруженијата Ревидирање на општествени стратегии, зголемување на соработка со општините, недостаток на волонтери и сора- ботницивограѓанскитеорганизации,зголеменадецентра- лизација на фондовите и поголемо учество при носењето на одлуки побараа граѓанските организации во земјава за време на средбите организирани како дел од Мобилниот ресурсен центар. Во текот на годината, тимот на Граѓанскиот ресурсен цен- тар посети 10 општини, и тоа: Битола, Кичево, Маврово и Ростуше, Струмица, Велес, Брвеница, Врапчиште, Маке- донска Каменица, Кочани и Тетово во кои дискутираше со локалнитездруженијазанивнитепотребисоцелдагипод- држи и да заживее граѓанскиот сектор. Локалните граѓански организации одблиску се запознаа со активностите и улогата на Граѓанскиот ресурсен центар, а освен тоа добија и простор за дискусија за актуелните случувања и предизвици во секторот. Мобилниот ресурсен центар оствари средби и со градона- чалниците на Македонска Каменица, Кочани, Маврово и Ростуше и Брвеница, а во останатите општини имаше сред- би со претставници од општините со кои се дискутираше за соработката на општините и здруженијата.
  • Related Search
    We Need Your Support
    Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

    Thanks to everyone for your continued support.

    No, Thanks
    SAVE OUR EARTH

    We need your sign to support Project to invent "SMART AND CONTROLLABLE REFLECTIVE BALLOONS" to cover the Sun and Save Our Earth.

    More details...

    Sign Now!

    We are very appreciated for your Prompt Action!

    x