Димче-Коцо-За-Климентовиот-манастир-„Св.-Пантелејмон“-1

Please download to get full document.

View again

All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
 0
 
  Description:
Share
Transcript
  КЛИ ЕНТОВИОТ АНАСТИР „СВ. ПАНТЕЈ1ЕЈ ОН“   И РАСКОПКАТА ПРИ „И АРЕТ“ ВО ОХРИД Во Охрид, јужно од „Горни Capaj“, до самото подножје на кулите се наоѓа месноста „Имарет“ каде до денеска стрчат урнатините на џамијата „Султан Мохамед“. Северно од тие урнатини на растојание од неколку метри, во стариот дел на градот, се единствените муслимански куќи, a јужно, неточно и западно се нивите на „Имарет“, кои до пред некое време припаѓаа само на Турци.СекојОхриѓанин знае дека во „Имарет“ бил манастирот на Св. Климент - „Св. Пан- телејмон“, наречен од месното население „Стар Св. Климент“, за разлика од сегашниот „Св. Климент“, којбил посветен на Св. Богородица.Според народното предание самата манастирска црква била на местото на сегашната џамија, која, според едни, била урната, а, според други, претворена во џамија. Последните тврдат дека до пред 50-60 години на ѕидовите од џамијата имало траги од светци. Познато е дека сегашните урнатини од џамијата немаат никаква врска со црква, но поради урнатото кубе, излижаните од атмосферските влијанија орнамента на џамијата, на некой Охриѓани сигурно им се привиделе како остатоци од фрески.Од познатите документа што говорат за дејноста и делото на Св. Климент не излегува и не може да се каже дека точно на тоа место бил манастирот на Св. Климент. Во опширното житие на Св. Климент стой дека Климент, освен три великолепии куќи во Девол, од кнез Борис добил во Охрид и Главеница и по едно место за почивка, како и тоа дека Климент во Охрид подигнал сопствен манастир (Теофилакт), но дали Климент го по- дигнал манастирот на подареното место и каде во Охрид било тоа место од житието не може да се разбере. Раководен, главно, од народното предание, во поткрепа на кое наоѓа индикации во опширното житие како „место за почивка“, или Климент сакал да живее во својот манастир и поради неговата убавина, која многу ja сакал, a којодговара на „Имарет“ во Охрид.Раскопките скоро потполно го потврдија народното предание и докажаа дека сведоштвата што ги наоѓаме кајТеофилакт се доста верни. Во житието на Св. Климент, од Теофилакт, на страна 64 и 65, пишува: „А кога (Климент) виде како тојкнез (Борис) ja украси целата под иегова власт Бугарија со се дум соборни цркви, како шандан седмосвештеник да запали со вера - и тојпожела да подигне во Охрид својсопствен манастир. Кон него тојподигна и друга црква што стана архиепископска катедра. И така - продолжува Теофилакт - во Охрид имаше три цркви: една соборна и две на Св. Климент, но поради својата кружна и сферична форма се многу полични од неа“1. Откриената црква во „Имарет“ навистина има 1Неизвесно ни е зошто Дворник пишува во својата книга  Les slaves, Byzance et Rome au IXe   siècle , Paris, стр. 315, дека црквата на Климентовиот манастир „Св. Пантелејмон“ била голема и дека освен неа, Климент подигнал уште две други цркви, кога јасно стой во житието какви биле Климентовите цркви и колку цркви подигнал!  76  СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВЕНА АРХИТЕКТУРА „кружна  pi  сферична“ форма и по размерите заедно со предниот дел на храмот, т.е. ,,προναος -οτ“ е мала. А самата црква е многу мала. На страница 73 од истото житие читаме: „А светото и рамно по чест на душата тело... - бидна погребено во истиот манастир во гроб што сам тојсо свои раце го продигнал од десната страна во предниот дел на храмот“, или, како што стой во житието во „пронаосот“. Во предниот дел на храмот на откриената црква од десната страна во аголот се наоѓаат два гроба. И двата се свртени кон исток. Гробот на југоисточниот агол е изграден едновремено со предниот дел на црквата, којдел, како што ќе видиме, е изграден од Климент како анекс, затоа што целиот гроб е органски приврзан со анексот. Другиот гроб е од подоцнежно време, во случајод времето по реставрирањето на црквата и по второто или третото реставрирање, затоа што црквата била неколку пати реставрирана a ѕидовите на црквата и ѕидовите на овојгроб не се градени едновремено. Височината на овојгроб е до вториот под на преддверието, а не до првиот, како што е случајсо гробот во југоисточниот агол. Јасно е дека првиот гроб е постар од вториот. Постариот гроб беше покриен само со земја, а поновиот имаше над земјата од кајглавата и обична плоча (другите плочи што го покривале гробот, зошто тојбил покриен не со една плоча, ами со повеќе, не се најдени). Во првиот гроб не е пронајден костур од покојникот, а во вториот се најдоа три костури. За првиот гроб може да се каже дека бил направен и по извесно време некојбил закопан. Вака судиме врз основа на следните факти: од јужната страна, по целата должина на гробот, на височина што одговара на северниот ѕид на гробот, од јужниот ѕид на црквата до јужниот ѕид на гробот има еден слојод хоросан што преку источната ja сврзува северната со јужната страна од гробот. Овојвтор слојод хоросан е ставен по погребува- њето на покојникот, затоа што тојне само што врви од јужната преку источната на северната страна од гробот, туку тојja сврзувал и надгробната плоча, како што покажуваат трагите од неа, а таа можела да биде сврзана за гробот со хоросан само по погребувањето на покојникот. Освен тоа овојгроб имал и надворешен, горен, дел, што почнувал од јуж- ниот дел на црквата, а завршувал со северниот ѕид на гробот. Од горниот дел на гробот се гледа дека долниот дел од гробот, што е во земја, бил намерно изграден на извесно расто- јание од јужниот ѕид на црквата, за да може горниот дел од гробот, што е прилично зачуван, и делумно зачуваната ниша на источниот ѕид на гробот, што е сигурно од времето на рес- таврирањето на анексот, ни говори дека тојгроб бил на необичен покојник. За да се направи ниша над еден гроб, веројатно за икона и кандило, при реставрирањето на една црква (нишата е направена на источниот ѕид поради тоа што е соѕидана нишата на јужниот ѕид), значи да се земе под специјално внимание тојгроб. Јасно е зашто и нас не интересира повеќе овојгроб, отколку вториот. Прашање е само на кого треба да му се припише овојгроб при дадените околности: на св. Климент или на некојдруг великодостојник?Од народно предание се знае дека при „Имарет“ бил манастирот на св. Климент, во којсв. Климент бил погребай. Цитираните зборови од житието говорат дека во предниот дел на храмот, десно, бил гробот на св. Климент. Според народното предание моштите на св. Климент, пред Турците да ja преправат црквата во џамија, биле извадени од гробот и пренесени во друга охридска црква. Според житието Климент сам си го изградил гробот „со свои раце“ и кога бил погребай, се разбира, материјалот со којплочата била сврзена за ѕидовите не можел да биде органски поврзан со материјалот од ѕидовите на гробот. Врз основа на житието и народното предание ние треба да го најдеме празниот Климентов гроб во една црква со „кружна и сферична форма“, и тоа десно во „пронаосот“. Според нашето напред изложено мислење токму тоа се констатира. Имено, дека гробот што го разгледуваме е Кли- ментовиот гроб. Toj се наоѓа во црква со „ кружна и сферична форма“, од десна страна на предниот дел на храмот, изграден е едновремено со самиот преден дел на храмот, a покојникот бил погребай по некое време од градењето а подоцна откопан и коските се извадени. Според нашето мислење сите овие околности не можат да се земат како случајност. Ако пак го имаме предвид и фактот дека при раскопките во земјата се најде мазилка со образот на св. Климент, претставен како патрон на црквата, со натпис покрајнего О HTNOS КЛИ Ы5, тогаш станува наполни јасно дека откриената црква е храмот на Климентовиот манастир, а југоисточниот гроб во предниот дел на храмот - Климентовиот гроб.2 2Понатаму ќе видиме што е всушност „пронаос“ за Климентовата црква. ИСТОРИ.ТА НА КУЛТУРАТА НА АКЕДОНИЛА  77 ЛИ ЕНТОВИОТ АНАСТИР „СВ. ПАНТЕЛЕЈ ОН“... Сведоштва за изградување на манастирот, освен во житието на Св. Климент (опшир- ното и краткото), во други документа нема. И тие сведоштва се толку скудни што со сигурност не може да се каже која година бил изграден манастирот. На страна 64 од опширното житие стой: „Сето тоа (се однесува на пишаните дела на Климента) тојго остави во својот манастир, што го изгради во Охрид дури беше уште жив блажениот Борис пред наполно да ja прими Величката епископија“ (,,Ταύτα δε καν τφ μοναστηριω αύτου άπέθετο ο έν Άυριδιέδειμαιο ετιπεριόντος τφ, βίφ του Βορίσου, πριν ή πάνιως την τής Βελίτξας επισκοπήν άναδέξασθαι“ Migne, P. G., стр. 126, с. 1229/Познато е дека Климент станал епископ во 893 година, а Борис умрел во текот на 907 година. Според житието, значи самото градење на манастирот треба да биде меѓу овие две години. Цитираните зборови на житието: „Пред да ja примил наполно Величката еписко- пија“ во нашиот случајзаслужуваат особено внимание. На тие зборови обрнале внимание Г. Баласчев345и Ј. Трифонов\ Врз основа на нив изградбата на Климентовиот манастир, според Трифонов, била „околу 893 година“, а според Баласчев „преди огце да приеме напълно Величката епископска катедра“. К. Мијатев во својата книга „КрЅглата цръква въ Пре- славъ“ дословно го пишува следното, односно годината на изградувањето на Климентовата црква: „Една отъ тЬзи църкви (се однесува на Климентовите кружни цркви) била построена въ Климентовия манастиръ огце приживе на княза Бориса, т.е. преди 907 година но и преди 893 година, заштото въ житието изрично се казва, че това станало преди Климентъ да приеме наплъно Величката епископия (страна 251). Мијатев можел да дојде до ваков заклучок затоа што не обрнал внимание на зборот „наполно“, без којнавистина излегува дека Климент го наградил манастирот пред 893 година, т.е. како учител. И мислењето на Снегаров6дека Климент што „работелъ и за украсяването на повърената му областъ съ църкви и манастири, въ конто той виждалъ огнища на народна просвЪта“, зошто во таа на- сока бил насочуван од цар Борис, го изградил манастирот како учител, не е согласно со цитираните зборови на житието. На истото гледиште по ова прашање се и Новаковиќ7 *, Ту- ницки4, Марковиќ9и др. Значи освен Трифонов, што го поставува изградувањето на Климентовиот манастир „околу 893 година“, и Баласчев, што нејасно го разрешува ова прашање дека од зборовите „преди още да приеме напълно Величката епископска катедра“, не може да се определи времето кога бил изграден манастирот. Сите научници што пишувале по ова прашање сметаат дека Климент го изградил манастирот како учител. До тојзаклучок се дошло бидејќи не се обрнало внимание на зборот „наполно“ без кој, како што констатиравме, навистина излегува дека манастирот Климент го изградил како учител, а не како епископ.Но ние сметаме дека на тојзбор треба да се обрне особено внимание. Тојзбор ни дава можност не само да го определиме поточно времето на изградувањето на манастирот, туку и да проникнеме во внатрешната положба на бугарската држава во првите години на Симеоновата влада.Без оглед на мислењата, односно седиштето и границите на Величката епископија, ние ќе го разгледаме само значењето на сврзникот ήτοι, што ги поврзува имињата на епис- копската титула на Климента Δρεμβιτςας и Βελιτςας за да се увиди дека со зборот „наполно“ 3Василије МарковиЬ, Православно монаштво и манастири у ср дњ в ковној Србији , Сремски Карловци, стр. 5, забелешка 30.4Г. Баласчевъ, Клим нтъ пискпопъ слов нски , София, 1898 год., стр. XXXIX.5Ю. Трифоновъ, Царъ Борис - Михаилъ , София, 1927 год.6Ив. СнЪгаровъ, Св ти Клим нтъ Охридски , Т. Ф. Чипевъ, стр. 22.7Стојан НоваковиЬ, Пр и сн ви сл венске књижевн сти Mehy балканским сл венима,  Бео- град, 1893 год., стр. 77.нН. Л. Туницкш, Св тш Клим нтъ, пископъ слов нскш, го жизнъ и просв тит лъная   д ят лностъ,  Серпев Посадъ, 1918, стр. 205.9Василије МарковиЬ, Православно монаштво и манастшри у ср дњ в ковној Србији , Сремски Карловци, 1920, стр. 5. АРХИТЕКТУРАТА НА ПОЧВАТА НА АКЕДОНИЈА  78 СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВЕНА АРХИТЕКТУРА освен што се дава нова смысла на целата реченица во која е тој, се оправдува и несогласие™ на научниците, односно значењето на зборовите Δρεμβιτςας и Βελιτςας - а оттаму произле- гува и нашиот интерес за сврзникот ήτοι. Според Туницки сврзникот ήτοιсе ставал почесто во такви случаи кога епископската катедра била пренесувана од едно место на друго и „тогаш епархијата - а не епархијалниот град имале двојно име: постаро и ново“.1011Не случајно, според Туницки и во епископската титула на Климента двата назива се соединети со сврзникот ήτοι; последниот како и во други слични именувања обединувал називи на различии области управувани од еден епископ.11Како одговор на статијата „Об епископской титуле Климента словенскаго“ од Илински, каде е цитиран Туницки, Снегаров подробно го разгледува значењето на сврзникот ήτοιи пишува: „Съюътъ ήτοι(или, сиречъ) както показватъ списъцитЪ на епархиитъ на Охридската архиепископия и др. църкви, означава: I. Или че дветь названия (антично и ново) означаватъ напълно или едно и сщо мЪсто; И. Или, че едното название е име на епархииски центъръ, а другото на покраинината, где то се намира той, и обратно; III. Или пък, че се слЪти две епархии, втората отъ конто по-рано е била епископия подведомствена на първата (митрополия); IV. или, че може би епархията била известна по името да два свои центъра - единиятъ деиствителенъ, другиятъ бившъ“. Бидејќи Снегаров го отфрла I, III и IV значење на сврзникот, продолжува: „Остава да се приеме второто значение, сир Δρεμβιτςα, а било име на епархиския центъръ, а Велика име на областъа“.12Дали ќе се прифати мислењето на Туницки или на Снегаров е друго прашање, но ако пристапиме и кон едното и кон другото мислење дека Климент го изградил манастирот „пред да ja прими наполно Величката епископија“ излегува јасно дека Климент ja примил Величката епископија на две етапи. Ако се прифати мислењето на Туницки, тогаш втората облает Климент ja примил по изградување на манастирот, а пак ако се прифати мислењето на Снегаров, тогаш последниот дел на областа Велика, Кимент го примил по изграду- вањето на манастирот. Што зборува овојфакт? Зошто Климент не ja примил одеднаш „наполно“ Величката епископија? Не треба ли и во горниот факт да согледаме една внатрешна борба во Бугарија предизвикана од новата политика на Симеон, која политика го имала за цел очевидното славјанизирање на бугарската црква и просвета? Со образувањето на чисто словенска епископија и воведувањето на словенскиот јазик како официјален, се удрило по грчкото и гркоманското духовенство, кое било пречка на Византија, и многу е логично дека грчкото и гркоманското духовенство, во дадениот момент, реагирало на таа политика и повело борба против неа.Грчкото духовенство требало, пред cè, да се бори против Климент, зошто тојкако прв словенски епископ бил повикан да ja организира Величката епископија, а пак со нејзи- ното организирање наполно се отфрлало политичкото и духовното влијание на Византија во рамките на самата епископија. Каков бил односот на грчкото духовенство кон словен- ската книга, воопшто, и кон Климент, како носител на таа книга, каква била положбата на Македонските Словени во тоа време во црковен однос, се гледа јасно од следните редови. Васил Златарски според В. А. Погорелов пишува дека кога Церноризец Храбар го пишувал „Сказанието о Писменех“ требело да брза „защото - пропаганда която излиза преди всичко и главно изъ срЪдата на висшето духовенство въ България, заплашавала да осуети и дори да унищожи националната културно-просветна реформа на Бориса“.13Дворник дознава дека Борис го испратил Климента во Кутмичевица, затоа што грчкото духовенство околу Бориса и бугарската (хунорската) партија во св. Климент гледале својпротивник. „II n'est  pas douteux que le haut clergé grec qui vivait dans l'entourage du prince ait vu sans bienveillance l'arrivée de ce Slave intelligent, disposant d'un moyen sûr pour attirer le peuple: la liturgie et les livres slaves. Sans 10H. Л. Туницкш, Св ти Клим нтъ, й. слов.,  стр. 201.11Н. Л. Туницкш, исто, стр. 201.12Иванъ СнЪгаровъ, Пакъ за пархияата на Св. Клим нта Охридски , Македонски прегледъ, год VIII, кн. I, София 1932.13В. Златарски, История на българската държава пр зъ срЬднитЬ вЬков , часть И, стр. 858. ИСТОРИЈА НА КУЛТУРАТА НА АКЕДОНИЈА
Related Search
Similar documents
View more
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks
SAVE OUR EARTH

We need your sign to support Project to invent "SMART AND CONTROLLABLE REFLECTIVE BALLOONS" to cover the Sun and Save Our Earth.

More details...

Sign Now!

We are very appreciated for your Prompt Action!

x