ТОМ СОЕР И ХАКЛБЕРИ ФИН– СИМБОЛ НА ЖЕЛБАТА НА ДЕТЕТО ЗА СЛОБОДА И САМОСТОЈНОСТ

Please download to get full document.

View again

All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
 179
 
  Животот како дадена реалност и како предмет на литературата е неограниченo шаренолик, неговите појави се безбројно разнострани, па затоа не може да се оспорува правото во литературата да се покаже било која страна и било која суштина од животот. Во
Share
Transcript
  Јованка ДЕНКОВА   ТОМ СОЕР И ХАКЛБЕРИ ФИН–    СИМБОЛ НА ЖЕЛБАТА НА ДЕТЕТО ЗА СЛОБОДА И САМОСТОЈНОСТ Животот како дадена реалност и како предмет на литературата е неограниченo шаренолик, неговите појави се безбројно разнострани, па затоа не може да се оспорува правото во литературата да се покаже било која страна и било која суштина од животот.   Во редот на најдобрите презентери на животната стварност и суштественост на детето секако дека спаѓа авторот   Марк Твен, непосреден   сликар   на низа животни немири и збиднувања.   Во своите најпознати романи за деца и млади, „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“, Марк Твен   ни претставува два лика/деца   кои се издвојуваат од останатите ликови во книжевноста за деца по својата исклучителност. Романот „Авантурите на   Том Соер“   е еден мозаик од палавштини на главниот јунак. Темата во овој роман е бесмртна, а тоа е детството на Том Соер, опишано со една посебна привлечност. Романот изобилува со детска енергија за разни палавштини, големи авантури, фантазии, а сепак   испреплетени со многу чувства.   И Хак Фин   и Том Соер во себе обединуваат заеднички карактеристики. Првата особина која паѓа во очи кога се во прашање овие два лика и по која тие се посебни е отсуството на родителите. Необичноста на Хак   се согледува уште во првата наративна секвенца во која не добиваме многу прифатливи педагошки обрасци! На светов може да се има безброј роднини и пријатели коишто на свој начин ќе нè   сакаат и чуваат, но ниту еден од нив нема да може да ја замени онаа топла мајчинска љубов. Тетка Поли, колку што може повеќе се труди, се грижи за Том и за неговиот помал брат Сид коишто и се препуштени нејзе по смртта на нејзината сестра. Таа со Сид нема тешкотии при одгледувањето, но затоа пак Том е едно такво ѓаволесто момченце што прави палавштини за пет деца одеднаш. Можеби доколку Том растел во присуство на својата мајка, неговиот живот ќе е имал поинакви димензии. Том можеби ќе знаел кога треба да ги комбинира желбата и фантазијата а кога не, можеби. Но и покрај тоа што тој расте во отсуство на мајка, сепак кај него се оформени емоциите. Тој не е огорчен на животот и сфаќа дека животот е авантура.   Тргнувајќи од овој факт, произлегува уште една нивна заедничка карактеристика - нивната самостојност. Отсуството на родителите кај Том е заменето   со присуството на тетка Поли, која на некој начин е замена за родителскиот авторитет . Хак, пак, иако има биолошки татко,  тој отсуствува во неговиот живот што придонесува Хак да стане бездомник. Во романот „Авантурите на Хаклбери Фин“ Хак материјално обезбеден и е примен во куќата на вдовицата Даглас, но нејзината преголема грижливост Хак ја доживува како тортура: „Не издржав: избегав. Пак си ги облеков валканите партали, се воврев како порано во една бочпва и пак заживеав среќно“ (Твен 1979: 5). Општеството околу нив се обидува да им наметне одреден кодекс на живеење и однесување и во тој случај и тоа општество е замена на  родителскиот авторитет. Но, се чини дека отсуството на родителите, кај Хак   и Том раѓа желба за создавање на свои авторитети кои треба да   се почитуваат. А, тоа, пред сè, е непочитувањето на сите оние општествени конвенции кои околината се обидува да им ги наметне. Овде, во прв ред, се мисли на небрежноста во облекувањето и невнимавањето на хигиената, избегнување на училишните и црковните обврски. Уште на првите страници од романот „Том Соер“ добиваме слика за Том како за момче кое често се валка, уште почесто си ги кине алиштата, а моментот кога треба да се измие за да се оди во црква или во неделното училиште –    за него е вистинско мачење. Во новата свечена облека: „...му беше крајно неудобно, го дразнеше тоа што не може да трча, зашто треба да ги пази алиштата“   (Твен 1963:32) . Небрежноста во облекувањето е особено евидентна и кај Хак, особено кога татко му се враќа во градот , го грабнува и се осамуваат во планината. Иако во почетокот, таквиот безгрижен живот му годи на Хак, наскоро ситуацијата драстично се менува: „Јас живеев безгрижно.Се тркалав цел ден, пушев тутун и ловев риба. Не знаев ниту книга, ниту учење. Така си минаа два месеца а и повеќе. Алиштата ми станаа валкани партали, но затоа пак живеев многу подобро и многу попријатно, отколку кај вдовицата. Кај неа требаше по секоја цена да се мијам, да се чешлам, да јадам во чинија, да легнувам и да станувам во одредено време, а освен тоа да си ја чукам главата над книгата   и да го слушам вечното мрморење на старата госпоѓица Вотсон. Ми се изгуби желбата за враќање таму...Со еден збор, си живеевме прекрасно во шумата!...Јас воопшто не сакав да се вратам кај вдовицата, за да живеам пак по програма и да се цивилизирам, како што се изразуваат тие.“ (стр30 -31). И кај Том Соер   („Авантурите на Том Соер“) мислата за училиштето предизвикува мрзоволност: „Во понеделникот изутрината Том се разбуди невесел и мрзоволен. Тоа со него се случуваше во понеделник, бидејќи од тој ден одново за него започнуваше бавното измачување во училиштето“ (Твен 1963:47). И самата атмосфера на училишните часови за Том е неподнослива: „Во училишната соба беше многу задушливо. Жешкиот ден тераше кон спиење. ...Ретките птици мрзоволно фучеа во висината. Во дворот не се гледаше никакво живо  суштество...Том гореше од нетрпеливоста да излезе побргу на слобода и барем со нешто да го скрати времето“ (Твен 1963:61). Овде повторно се спомнува слободата кон која Том тежнее од почетокот на романот, кога тетка Поли му ја наметнува обврската да ја бојадиса оградата во сабота, токму кога сите други деца слободно си играат. На тој начин, таа ограда дејствува како една пречка, или симбол на слободата која го омеѓува слободниот од неслободниот живот. Друг момент кога Том е ограничен од надворешниот, слободен свет е во црквата каде Том ќе биде сместен: „...од кај внатрешната страна, за да биде подалеку од прозорецот и да не му се привлекува вниманието од разните привлечни  работи надвор“ ( Твен 1963: 41). Во текот на романот, слободата се изедначува   со стоење надвор од правила на општеството. Доброто   однесување, како што е дефинирано од страна на возрасните, значи губење на слободата. Тоа значи бојадисување на   оградата во сабота, седење на досадни часови во училиштето, црквата и неделното   училиште, и носење на   смешна   и ограничувачка   облека, како онаа   на новото   момче кое Том ќе го натепа затоа што е премногу убаво облечено. Хак,   кој не треба да прави било која   од овие работи, бидејќи не постои   никој кој би му го наредил тоа,   е предмет на восхит кај сите други деца и е своевиден симбол на слободата . На некој начин, Том зазема позиција меѓу слободните   и не - слободните. По наредба на тетка Поли, тој го посетува училиштето, црквата и неделното   училиште. Но, кога ќе му се укаже прилика, тој бега од таму , најчесто на   островот, каде што живее со Хак и Џо Харпер како пират. Парадоксално, Том ги   дефинира своето слободни активности со строги правила: има работи кои   се прават и кои не се прават   од страна   на пиратите   и разбојниците ; и суеверија во кои верува Том бараат   апсолутно   придржување кон точната   процедура.   Потрагата по слобода , сепак има своја цена, како кога Том ја вознемирува тетка Поли со   неговиот престој на островот без   да ја извести дека е жив.   Растечкото   чувство на одговорност кај   Том, во комбинација со неговото откривање   на богатство, го прави да се откаже барем од некои од неговите   бурни   постапки   и да се потчини   на ограничувањата на општеството. Сепак, тој се уште има намера да формира разбојничка банда, која природно има строги правила за тоа кој може , а кој не може   да се приклучи во неа : во неа можат да влезат само "угледните   луѓе ". Фактот дека романот започнува со тоа што Том му се восхитува   на Хак   за неговиот слободен   живот и завршува со тоа   што му успева да го   убеди да се откаже   од својата слобода , покажува дека тој прифатил   дека животот треба да се води со должно внимание на ефектите од неговите акции на поширокото општество.    Том Соер отворено си признава: „...искрено му завидуваше на Фин...“ (Твен 1963:51), „Хаклбери правеше сè што ќе му текнеше, никој не му бранеше“ (Твен 1963:52), „Со еден збор, тој се насладуваше на сè, што може да претставува радост во животот. Така речиси мислеа сите деца од малото гратче: кутрите тие страдаа од разни забрани и казни“ ( Твен 1963: 52). Исклучувањето на Хак од општеството значи дека на повеќето деца од градот не им е дозволено да си играат со него. Тој не добива структурирано образование и често дури и нема доволно за  јадење или место за спиење. Марк Твен ги минимизира овие проблеми, сепак, во корист на презентирање на слобода која на Хак му ја дава нискиот социјален статус. Хак може да пуши и да спие надвор и да ги прави сите оние нешта за кои другите момчиња можат само да сонуваат дека ги прават. Неочекуваните настани кон крајот на романот кога момчињата го наоѓаат богатството, се заканува да ја задуши слободата на Хак. Обидите на вдовицата на Даглас да го натера Хак сосила да го промени својот начин на живот е нешто што Хак најверојатно сам никогаш не би го одбрал. Цената на социјалната инклузија е комплетно губење на слободата.   Кога се зборува за   ликот на Том Соер не може да се изостави и авантуристичкиот аспект во неговиот лик. Неговиот авантуризам е евидентен најпрвин преку многубројните приказни кои им ги раскажува на своите другари и од кои црпи инспирација за многубројните игри што ги организира. Таков е кога   организира божемни битки на неговата војска со онаа на неговиот другар Џо Харпер, желбата и нерешителноста дали да се стане кловн, војник, дали да им се придружи на Индијанците во лов на бизони, дали да стане пират, Робин Худ или нешто слично. Неговата секогаш присутна желба за авантури и таинственост ќе го одведе и на гробиштата каде со Хак ќе бидат сведоци на убиството на докторот од страна на Индијанецот Џо. И самото бегство на "пиратите" на Џексоновиот остров е своевидна авантура каде доаѓа до израз нивниот разуздан темперамент: „Колку убаво и колку пријатно беше да се пирува како див во таа густа шума, на тој ненаселен остров, далеку од луѓето! Тие веднаш се заколнаа дека никогаш нема да се вратат во цивилизираниот свет“ (Твен 1963: 107); „Подобро не ми треба. Тука никој нема ниту да те тепа, ниту да те поттуркува, ниту да те кара“; „Утре не ќе треба да стануваш во зорите, нема да одиш на училиште, да се миеш, да се чешлаш и да правиш други слични глупости“ (Твен 1963:108). Иако постојано предадени на играта, во сите нив се вовлекува неспокојството и копнежот по домот, па оттаму и враќањето назад не е далеку: „Никој кога не ни го забранува, капењето не ми е пријатно. Сакам да си одам дома –    а вие, како што сакате“ (Твен 1963:127). И, на крај, потрагата по сокриеното  богатство, спроведена од Том и Хак, каде несакајќи повторно ќе им се вкрстат патиштата со Индијанецот Џо, е уште еден пример за незгасливата жед на Том Соер по авантури. Навистина импонира упорноста и доследноста на Хак и Том во барањето на скриеното богатство насекаде, сè до неговото конечно пронаоѓање во пештерата Мек Дугал. Иако неговиот живот е во опасност заради одмаздата на Индијанецот Џо, авантурите во кои се впушта Том не престануваат.   Том   е како извор на нови идеи. Сака да знае сè, да проба и да искуси сè.   Тој заедно со Хак коваат планови за да се здобијат со богатство, богатство што ќе го пронајдат, гусарско богатство коешто е некаде закопано и чека некој да дојде по него. Хак е воодушевен од досетката на Том, на што веднаш се согласува, прифаќа да го дружи Том и заедно да го пронајдат богатството. Тие, на уште непронајденото богатство му го пронаоѓаат „местото“.   Нивната   потрага по богатството не завршува така лесно. Заедно со Хак, за времето на потрагата по богатство, тие поминуваат низ многубројни опасни ситуации, но не се откажуваат . Една од најстрашните е онаа во која што се среќаваат со Индијанецот Џо, тој го има токму тоа што тие го бараат –    богатството. Но, за да дојдат до него, треба да поминат низа на незгодни ситуации, ситуации преполни со страв, не сигурност, трепет...   Но, Том успева да дознае сè ! Тој насекаде е присутен. Го среќава Индијанецот Џо во пештерата, каде што се крие од властите, по што заклучува дека богатството е сигурно во пештерата. Интересен, но и различен е односот кон тој авантуризам кај Том Соер и Хак Фин. Додека Том е повеќе наклонет кон  романтизмот што се гледа од изборот на темите за авантура, ликовите (Робин Худ, да биде пират, да трага по закопано богатство и сл.), во постапките и приказните кои Хак ги измислува (во романот „Авантурите на Хаклбери Фин“) за да се спаси од некоја неповолна ситуација, се забележува реализмот. Приказните кои Хак ги измислува додека со Џим патуваат по реката, од една страна се одраз на неговата желба да му помогне на избеганиот црнец, а од друга страна сите тие приказни за несреќни и растурени семејства се проекција на неговата внатрешна желба и потреба за дом и семејство. Во овој роман, во главната улога на организатор на сите авантури не е Том Соер, туку Хак Фин, и тоа е така сè до крајот на романот, кога Том Соер се појавува и ја презема улогата на главен организатор на спасувањето на Џим. Овде доаѓа до израз неговата преголема драматизација и навистина зазвучуваат смешно, детинесто и забавно сите дополнителни  работи кои мора да се направат при ослободувањето на Џим, од причина што   таквата авантура мора да биде тешка и сложена: „Каква полза има од твојот план, во кој има толку малку тешкотии? (Твен 1979: 227)“. Од таа причина, секоја, макар и наједноставна акција, мора
Related Search
Similar documents
View more
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks
SAVE OUR EARTH

We need your sign to support Project to invent "SMART AND CONTROLLABLE REFLECTIVE BALLOONS" to cover the Sun and Save Our Earth.

More details...

Sign Now!

We are very appreciated for your Prompt Action!

x